Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Правилниците за директно снабдување презентирани и пред жителите на Крушево И Демир Хисар

11.09.2020
Со учество на повеќе од шеесетина фармери од Крушево и Демир Хисар, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола ги продолжија теренските активности за промоција на новите подзаконски акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите.

Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен

10.09.2020
Фармерите и малите производители ќе можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи со додадена вредност без да зависат од откупувачите. Но, притоа, мора да ги исполнуваат соодветните хигиенски и безбедносни критериуми за производство и ставање во промет на храна.

Засилените контроли одамна се дел од работењето на АХВ

06.09.2020
Паушални и непроверени се наводите за потребата од поголема контрола на безбедноста на храната од страна на државните институции, особено во услови на пандемија со Ковид 19. Построгите контроли за кои како потреба алармирале експертите на неодамна одржаната меѓународна конференција за квалитет и безбедност на храна во Охрид, треба да знаат дека тие одамна се спроведуваат и се дел од секојдневните активности на Агенцијата за храна и ветеринарство и подеднакво се однесуваат на домашното производство и прометот и на храната која се увезува во земјава.

ФАО бара финансиски експерт за проектот со АХВ

27.08.2020

Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО објавува оглас за ангажирање на Национален финансиски експерт за проектот на ФАО и Агенцијата за храна и ветеринарство “Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“.

Огласот е активен од денес - 27 август 2020 година, а крајниот рок за аплицирање е на 6 септември 2020 година.

Огласот е објавен и на официјалната интернет страница на Обединетите нации во Република Северна Македонија: https://un.mk/vacancies/

Прирачникот за операторите со храна во градинките нова алатка за безбедна храна за децата

27.08.2020
Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со Организацијата на  потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година изработи Прирачник за оператори со храна во предучилишни установи.

ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи

27.08.2020
Во рамки на напорите за рано откривање и реагирање на болестa африканска свинска чума, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во бесплатната мобилна апликација iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи. 

Невистина е дека се чека одобрение од АХВ за работа на охридското прифатилиште за бездомни животни

06.08.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го осудува обидот за манипулирање на јавноста и пласирање на невистини дека стационарот за бездомни кучиња во Охрид, се уште чека дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство, вест која вчера, беше објавена на медиумот Супер радио на порталите OhridPress и Inpress.

АХВ дел од акцијата на ИНТЕРПОЛ за спречување на измами со храна

30.07.2020
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, учествуваше заедно со уште 82 држави и во која акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци. Акцијата се реализира во временски период од декември 2019 до јуни 2020 година.

За Курбан Бајрам месо да се купува од месарници

29.07.2020
Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни. 

ОИЕ и ФАО објавија брошура по повод почетокот на глобалната иницијатива за контрола и искоренување на Африканска чума кај свињите

28.07.2020
Африканската чума кај свињите (АЧС) е инфективна  болест на домашните и дивите свињи. Во последните неколку години драстично се зголеми бројот на земји кои се зафатени со оваа болест. Како резултат на утврдениот зголемен глобален ризик за сите земји и значајното влијание на болеста врз здравјето и благосостојбата на животните, безбедноста на храната, националните и глобалните економии, руралниот развој и социјалното и политичкото однесување, на 87-та генерално собрание на Светско собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) беше започната иницијатива за глобална контрола на АЧС.

Позитивно оценета реализацијата на Програмата за здравствена заштита на животните

27.07.2020
Новонастанатата ситуација која ја наметна светската пандемија со корона вирусот и која и кај Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од март годинава наложи функционирање по нови правила, во нови услови, не е се одрази негативно на работењето и реализацијата на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните на Агенцијата.

Најавеното зголемување на температурите, опасност по безбедноста на храната

24.07.2020
Најавата на метеоролозите за зголемување на температурите, го подигна алармот за заштита на луѓето од можно труење со храна. Високите температури претставуваат голем стрес за животните поради кои тие може да јадат помалку храна, имаат зголемена потреба за вода, а можно е и намалување на производството на млеко и слаб прираст. Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните и сточарите за нужноста од  преземање сет мерки за консумирање на безбедна храна и за заштита на животните и домашните миленици од високите температури. 

Финишира категоризацијата на свињарските фарми

14.07.2020
Во завршна фаза на реализација се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик.

АХВ потврди присуство на Син јазик во општините Македонски Брод и Кичево

10.07.2020
По пријава од надлежно ветеринарно друштво (08.07.2020 година), за сомнеж на болеста Син јазик кај овци и кози на територија на општините Македонски Брод и Кичево, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе епидемиолошко испитување во овие региони.

Обука за подобрување на подготвеноста во справувањето со Африканска свинска чума

10.07.2020
Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и официјални ветеринари се дел од педесеттина учесници од земјава на онлајн обуката која почнувајќи од 1 јули ќе се реализира во наредните 6 недели.

АХВ и ОПМ издадоа прирачници за операторите со храна за градинките и училиштата

08.07.2020
Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со  Организацијата на  потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година, изработи прирачници наменети за операторите кои приготвуваат храна за градинките и основните  училишта.

Атанасов посети компании од земјоделско-прехранбениот сектор во кавадаречко

06.07.2020
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес во рамки на теренските активности, посети три компании од земјоделско прехранбениот сектор од кавадаречкиот регион – мелничко пекарската индустрија „Жито Југ“, компанијата „Слога пром”, која се занимава со увоз и дистрибуција на месо и храна од неживотионско потекло и месната индустрија „Дироко”.

АХВ го унапредува системот за контрола на зоонози

06.07.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство  презема активности за унапредување на системот за навремена идентификација и одговор на појавата на зоонози, зоонотски агенси и изворите на инфекции и за воспоставување на систем за побрз проток на информации за нив, меѓу институциите на системот и бизнис секторот.