Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ ќе ја одбележи Светската недела за свеста за антибиотиците

16.11.2023
АХВ ќе ја одбележи Светската недела за свеста за антибиотиците

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од  18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањата, која АХВ ќе ја одбележи со неколку активности, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните, но и на животната средина, предизвикани од отпорноста кон антимикробните средства. Преку кампањата ќе се промовираат добри практики, со цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет.
Темата на глобалната кампања за годинава е „Заедно да ја спречиме антимикробната отпорност “, бидејќи таа е закана за луѓето, животните, растенијата и животната средина.

Повеќе за антимикробната отпорност можете да прочитате ОВДЕ

Ознаки
Категорија