Демант на наводите на претседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“
Агенцијата за храна и ветеринарство ги испочитува сите потребни административни и законски процедури, вклучително и добивањето позитивно мислење од Европската комисија за спроведување на вакцинацијата, одобрувањето на Планот за итна вакцинација на целата територија на државата од страна на Европската комисија, како и потврда за последиците од вакцинацијата, преводот на потребната документација, обезбедувањето одобренија за увоз, како и спроведувањето на сите неопходни царински процедури.