Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Претставките за кои не е надлежна, ахв ги препраќа за постапување до другите институции

31.05.2023
Агенција за храна и ветеринарство

Секој граѓанин има свое право да поднесе претставка или предлог до државните органи и јавните институции опфатени со Законот за постапување по претставки и предлози со цел да ги задоволи своите права и правни интереси. Агенција за храна и ветеринарство ќе постапува по претставки и предлози по наводи кои се во нејзина надлежнопст согласно законските прописи. Кога органот прима претставка, односно предлог по која не е надлежен да постапува, овластеното службено лице истата ја препраќа до надлежниот орган без одлагање. 

 

Претставки кои се во надлежност на други институции :

  • Ширење на непријатна миризба (при угостителска или туристичка дејност) – согласно член 20 од Законот за животна средина официјалниот инспектор за животна средина има право да изврши надзор на спроведувањето на мерките на заштита од непријатна миризба во просторијата и околината каде што престојува и се движи човекот. 

 

  • Зголемена јачина на звук (бучавост) емитирани од уреди, апарати и опрема за работа и производство – согласно член 21 од Законот за животна средина официјалниот инспектор за животна средина има право да изврши надзор на спроведувањето на мерките на заштита од бучава. 

 

  • Одредување на локација за трговија на стоки во киосци, продажба од подвижни улични продавачи (камиони приколки идр) - може да се врши на места определени со одлука на советот на општината односно Град Скопје согласно член 16 од Законот за трговија. 

 

  • Заловувањето на бездомни кучиња кои се агресивни и напаѓаат минувачи, го вршат општините во градот Скопје односно градот Скопје согласно план и програма која е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство, определувајќи приближен број на кучиња кои ќе бидат заловени и третирани и локации од каде ќе се врши заловувањето, како и планирани расходи за постапување со бездомните кучиња врз основа на претходна спроведена проценка на популација на бездомни кучиња согласно член 5 од Закон за комунална дејност и согласно член 15 од Правилникот за постапките за заловување, интервенции и третман на бездомните кучиња, начинот на спроведување на тестот за социјализација, начинот и содржината на податоците за водење на евиденција и начинот на вршење на надзор, условите за одобрување на прифатилиштата, формата и содржината на барањето за одобрување, као и формата и содржината и начинот на водење на регистарот на одобрени прифатилишта.

 

  • Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје поблиску го пропишуваат начинот на организирање и вршење на комуналните дејности, како и начинот на користење на комуналните услуги во поглед на услови за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти во населени места, начинот за одржување на чистота во дворни места, места на колективни и индивидуални станбени објекти во населени места, согласно член 12 став 3 тока 8 од Закон за комунална дејност.
Ознаки
Категорија