На барање на Европскиот парламент, Европската агенција за безбедност на храна иницираше развој на холистичка проценка на ризик за повеќе фактори кај пчелите кои се чуваат за производство на мед. За таа цел, креиран е системски заснован пристап кој е составен од две основни компоненти: систем за следење и систем за моделирање, при кој како пример се земаат пчелите кои се чуваат за производство на мед. Клучниот развој на актуелното научно мислење (вклучително и систематско собирање податоци од пчелни семејства и симулација заснована на агенси) имаат потенцијал значително да придонесат за иден развој на проценките на ризик врз животната средина на повеќе фактори во поголеми просторни и временски размери.
За целите на следењето, кошниците за пчели кои се чуваат за производство на мед ќе бидат поставени низ репрезентативните климатски зони и предели во ЕУ и ќе бидат поврзани со платформа за складирање и анализа на податоци. Податоците за здравствениот статус на пчелите, резидуите од хемиските контаминенти и непосредниот или поширокиот предел околу пчелните семејства ќе се собираат на хармонизиран и стандардизиран начин и ќе се користат за информирање на засегнатите страни и системот за моделирање, ApisRAM, кој симулира колку што е можно попрецизно, колонии на пчели.
ApisRAM ќе се калибрира и континуирано ќе се ажурира со дојдовни податоци за мониторинг и новонастанати научни знаења од истражувањето. Тоа ќе биде алатка за поддршка за пчеларство, земјоделство, истражување, проценка на ризик и управување со ризик и пошироката јавност ќе може да ја користи истата.
Со ова научно мислење, Европската агенција за безбедност на храната направи голем чекор напред во своите напори да помогне во пресвртот на опаѓањето на бројот на инсекти кои се користата за запрашување предлагајќи нов пристап кон проценката на ризик врз животната средина (ЕРА) со посебен акцент на пчелите кои се чуваат за производство на мед.
Бернард Урл, извршниот директор на ЕФСА изјави: “Ова е многу важен извештај за сите оние кои сакаат да придонесат кон зачувување на богатиот еко систем на Европа, во чиј центар не се наоѓаат само пчелите туку сите инсекти кои запрашуваат. Со овој извештај се поставува јасна визија за трансформација на начинот на кој правиме проценка на ризиците врз животната средина во однос на запрашувањето во Европската унија”.
Целиот текст на научното мислење на ЕФСА е достапен на следниот линк:
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/j.efsa.2021.6607