Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Атанасов задоволен од сработеното, најавено проширување на програмите за контрола на безбедноста на храната

11.12.2020
Атанасов задоволен од сработеното, најавено проширување на програмите за контрола на безбедноста на храната

Агенцијата за храна и ветеринарство, годинава и покрај пандемијата со КОВИД 19 вирусот, успешно ги реализираше сите клучни програми за системите за безбедноста на храната и за здравствената заштита на животните. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, е задоволен од сработеното, а за следниот период ги најави планираните нови програми за сузбивање и искоренување на болестите кај животните и дизајнирање на новата Програма за мониторинг на безбедноста на храната, во која се предвидени нови категории на храна за кои ќе бидат предмет на лабораториски испитување. Изработена е Нацрт нацрт – верзијата на новиот Закон за здравствена заштита на животните, којшто треба да се донесе до крајот на 2021 година и кој треба ќе биде усогласен со релевантните европските регулативи и светски меѓународни практики.

  Со програмите што досега ги спроведувавме, успехот е евидентен, за што говорат и бројките. Кај бруцелозата кај козите и овците, во 2019 година во 198 одгледувалишта беше утврдено присуство на оваа, а во 2020 година тој број драстично е намален на само 58 одгледувалишта. Доколку се земат во предвид светските стандарди за добивање статус „земја слободна од бруцелоза”, тогаш практично сме пред вратата на стекнување на ваков статус и прогласување дека во Република Северна Македонија е искоренета бруцелозата, - истакна Атанасов на денешната прес-конференција на која даде осврт на спроведените активни на АХВ во изминатиот период. Подобрување, како што посочи Атанасов, има и во однос на бруцелозата кај говедата, односно во 2017 вкупно 78 одгледувалишта беа позитивни на оваа болест, а оваа година бруцелозата кај говедата е утврдена во 21 одгледувалиште. Во намалени рамки е и болеста туберкулоза.

Тренд на опаѓање има и кај лицата заболени од бруцелоза. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во 2017 година имало 21 лице заболено од бруцелоза, а годинава има само три лица.

Во однос на реализацијата на Планот за мониторинг на безбедност на храната досега се земени 1.034 примероци од планираните 1.177.

  Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната на АХВ е фактот дека веќе 26 месеци не се евидентирани случаи на труења со храна кои завршиле на болничко лекување, со исклучок на инцидентот во јули оваа година во сендвичарница во Скопје во кој десеттина лица беа затруени со храна, но, тие не завршија на болничко лекување, туку  беа амбулантски третирани во здравствените установи, нагласи првиот човек на Агенцијата.

Тој нагласи дека АХВ утврдила прекумерна употреба на конзерванси или употреба на конзерванси кои не се дозволени или декларирани во самиот производ. Токму затоа се најавуваат засилени активности, со цел да се обезбеди висок степен на безбедност на потрошувачите.

АХВ ги финализира и активностите за изградба на кафилерија во која ќе се преработуваат нус-производите од животинско потекло. Објектот ќе се гради во општина Лозово, за што се планирани околу 9,5 милиони евра.

Десетгодишниот јубилеј, АХВ ќе го одбележи и со почеток на изградба на новата административна зграда, планиран за следната година.

 

 

Атанасов задоволен од сработеното, најавено проширување на програмите за контрола на безбедноста на храната

 

Ознаки
Категорија