Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржан првиот состанок со експертите од Националниот совет за безбедност на храна

20.10.2020
Националниот совет за безбедност на храна

Во насока на зајакнување на националните капацитети за проценка на ризик во областа на безбедноста на храната и храната за животни, денес Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одржа првиот состанок со експертите во научните панели, членови на Националната платформа на експерти во рамки на Националниот совет за безбедност на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство. На состанокот  детално беше објаснет принципот  по кој ќе функционираат панелите во рами на Националниот совет за безбедноста на храната, кој, како што истакна во обраќањето пред експертите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, е формиран по теркот на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).

По моделот на ЕФСА панелите ќе имаат обврска да прават проценка на ризик на барање на Националниот совет или по сопствена иницијатива. Научните панели се организирани во 10 стручни области - здравствената заштита и благосостојбата на животните, биолошките опасности, контаминентите во синџирот на исхраната, за диететските производи, исхраната и алергиите, за адитивите и хранливите состојки додадени во храната – рече во обраќањето Атанасов.

Проценка на ризик и подготовката на извештаи за одредени прашања од делокруг на работа на Советот ќе се врши преку овие тела на Националниот совет, потенцира директорот и додаде дека очекува експертите активни да бидат и на полето на средства за заштита на растенијата, резидуите, здравјето на растенијата, за материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, ензимите, подобрувачите на вкус и технолошките помагала, адитивите и производите или супстанциите кои се употребуваат во храната за животни, вклучително и во рамки на панелот за генетски модифицирани организми.

 

Националниот совет за безбедност на храна

 

На состанокот презентирана беше соработката која АХВ ја остварува со ЕФСА како нејзина контакт точка, како и можностите за соработка и аплицирање на проекти кои ги објавува оваа реномирана европска институција за безбедност на храната.

Изборот на експертите на  Националната платформа на експерти во рамки на Националниот совет за безбедност на храната беше извршен неодамна и во неа учествуваат стручни лица од факултетите, научно истражувачките институции и други научни и образовни институции.

 

Ознаки
Категорија