Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Средба со жителите на Двориште

14.09.2019
Средба со жителите на Двориште

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, во придружба на градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, вчера вечер одржа средба со жителите на беровското село Двориште. Поради актуелната состојба со болеста африканска свинска чума во соседството и регионот и мерките кои ги презема државава за спречување нејзино појавување и кај нас, на жителите од ова населено место, директорот Атанасов им објасни дека болеста засега не е присутна кај нас, но, дека државата презема конкретни мерки за да се елиминира можноста од нејзино појавување.

Бидејќи станува збор за исклучително штетна болест по сточниот фонд и предизвикува големи загуби, важно е рече тој на средбата, инстиутуциите, но и фармерите и индивидуалните одгледувачи на свињи да преземат конкретни мерки за да се спречи нејзината појава и ширењето.

Тој на жителите на Двориште им ги презентираше основните биосигурносни мерки кои треба да бидат преземени на одгледувалиштата  со цел превенција, односно спречување на појава на болеста и нејзино ширење. Во излагањето, акцент беше ставен и на мерките кои ги наложуваат Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Детално беше објаснета мерката за депопулација на дивите и свињите во одгледувалиштата, во селските домаќинства кои  не ги исполнуваат основните биосигурносни мерки, а кои свињите ги одгледуваат исклучиво за сопстевни потреби.

Болеста, не е опасна за човековото здравје, потенцира директорот, но, предизвикува големи економски штети.

Пред присутните директорот Атанасов ја објасни историјата на болеста африканска свинска чума, начините за нејзино пренесување и сетовите на мерки кои се преземаат во светски рамки за да се спречи нејзината евентуална појава и ширење.

Ознаки
Категорија