Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Експланаторен скрининг за поглавјето 12 - безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

12.02.2019
Експланаторен скрининг за поглавјето 12 - безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

Експланаторниот /објаснувачки/ скрининг претставува процес во кој Европската комисија дава детален преглед на Европското законодавство во сите 33 поглавја во кои е групирано целокупното Acquis Communautaire (целокупното европско законодавство, што ги вклучува основачките акти на ЕУ, како и сите регулативи, директиви, одлуки, правна практика, но и меѓународните акти кон кои пристапила ЕУ во рамките на Обединетите Нации и Советот на Европа.
На 17 јули 2018 година, со официјалната посета на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан започна објаснувачкиот скрининг за Република Македноја, кој како што истакна еврокомесатор “Експланаторниот/објаснувачкиот прелиминрарен скрининг е прв критичен чекор во подготовките за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ”. Исто така, почетокот на објаснувачкиот скрининг е пресвртната точка со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ.
Македонската администрација се смета за подготвена за оваа фаза, а во текот на самите експланаторни/ објаснувачки сесии ќе може да се запознае подетално со европските прописи и искуствата од нивната имплементација на ниво на ЕУ, што исто така оди во прилог на натамошна подготовка на нашата администрација за следните фази од пристапните преговори.

Скрининг – аналитичко испитување на усогласеноста со правото на ЕУ
Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство со земјата кандидат. Како процес, тој има за цел да овозможи Комисијата и земјите членки да го оценат степенот на подготвеност на земјата кандидат.
По извршениот скрининг на соодветното поглавје од страна на Европската комисија, Советот одлучува за почнување на преговорите, по препорака на Комисијата.
Извештајот од скринингот содржи четири дела – објаснување на правото на ЕУ во поглавјето, резултати од скринингот – информации дадени од земјата кандидатка и процена на Комисијата, заклучоци и препораки на Комисијата, и во последниот дел Комисијата му препорачува на Советот дали да се отворат преговори за поглавјето и, доколку не, кои одредници да се постават.

Ескпланаторен скрининг за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика
Состанокот за експленаторен скрининг за Поглавјето 12 е за кажан за 18-22 февруари 2019 година во времетраење од 5 последователни дена. Агенцијата за храна и ветеринарство е институција носител на Поглавјето 12. До сега одржа 3 подготвителни состаноци со сите институции и тела вклучени во поглавјето во однос на координација и организација и подготовка на институциите за состанокот со Европската комисија.. За одржаниот состанок Европската Комисија ќе состави извештај

Содржина на Поглавјето 12
Европското законодавство од Поглавјето 12 е одраз на ЕУ интегрален пристап во безбедноста на храната кој има за цел висок степен на безбедност на храната, здравствена заштита на животните, благосостојба на животните и здравје на растенијата во рамките на Европската Унија преку кохерентни мерки од фарма – до -трпеза и соодветен мониторинг, како и ефективно функционирање на внатрешниот пазар на Заедницата. Главни предуслови за една земја кандидат во овој дел се преземањето на законодавството на ЕУ како и спроведување /имплементација/ од страна на правилно структурирана и обучена администрација. 
Ова Поглавје е едно од најобемните и опфаќа најголем број на ЕУ законодавството.

Во поглед на безбедноста на храната, основните правила се утврдени со основниот закон за храна и храна за животни, имено Регулативата 178/2002 со која се предвидени основните начела и барања за производство на храна, обработка, пакување, означување, ставање во промет и дистрибуција. Посебен осврт е даден на дефинициите, начелата и обврските со кои се опфатени сите фази од производството на храна/храна за животни и нивна дистрибуција. Исполнувањето на барањата за следливост за секој вид на храна и храна за животни, како и во врска со операторите со храна е задолжително. Освен тоа, со законодавството за безбедноста на храната се опфатени, пакувањето, означувањето, ставањето во промет, адитиви, екстракциони средства, ароми, материјали што доаѓаат во контакт со храната, додатоци во исхраната, минерална вода и храна третирана со јонизирачко зрачење, контаминенти, храна произведена со иновирани технологии, брзо смрзната храна, квалитет на семе и семенски материјал, производи за заштита на растенијата, штетни организми и селекционерски права како и генетски модифицирани организми (храна/храна за животни).

Во поглед на ветеринарната и фитосанитарна политика со ЕУ законодавството се утврдени правилата за внатрешен пазар и внес на живи животни и производи од трети земји во ветеринарниот сектор, секторот за здравје на растенијата и секторот за исхрана на животните, потоа, заштитата на јавното здравје, здравјето на растенијата и здравјето на животните, и благосостојбата на животните како и безбедноста на храната од животинско потекло во внатрешниот пазар. Режимот на Европската Унија се заснова на спроведување на исти/заеднички правила од страна надлежните органи на сите Земјите членки. Ветеринарните прегледи и прегледите за здравје на растенијата на внатрешните граници се укинати, додека пак заедничкиот режим за прегледи на надворешните граници е применлив. Суштински дел од ЕУ законодавството во овој дел ги опфаќа хигиенските аспекти во врска со преработката и ставањето во промет на храна од животинско потекло, контрола на болести кај животините и заштита на растенијата.

Идни чекори
Наредниот чекор, по завршување на експаланторниот скрининг, по официјалното добивање датум за преговори од страна на Советот на ЕУ, ќе следат билатерални состаноци на кои претставниците од надлежните институции на Поглавјето 12, ќе дадат увид во статусот и тековната состојба во однос на усогласеноста со ЕУ законодавството, капацитетите на институциите за спроведувањето на законодавството на ЕУ во различни области, односно подрачја од поглавјето 12. 
Врз основа на извршената проценка, Европската комисија дава препорака дали земјата е доволно подготвена за отпочнување на преговорите или преговорите ќе отпочнат откако од страна на земјата кандидат ќе бидат исполнети одредниците (енг. benchmarks) дадени од страна на Европската Комисија.

Ознаки
Категорија