Одржана Експертска мисија за Правила за ставање во промет на мешани производи од животинско и неживотинско потекло
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 28-30 септември 2020 година по пат на видео-теле конференција се одржа Експертска мисија за Правила за ставање во промет на мешани производи од животинско неживотинско потекло со која претседаваше Г-дин Ванчо Новоселски- Раководител на сектор за инспекциски надзор, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-дин Gianvito Emilio Vinci и Г-дин Renzo Moro од Италија.