Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соработката на АХВ со науката и живинарите, клучна за добивање дозвола за извоз на јајца и живинско месо во ЕУ

16.04.2018
Соработката на АХВ со науката и живинарите, клучна за добивање дозвола за извоз на јајца и живинско месо во ЕУ

Врз основа на надлежностите од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство, преку контролата на целиот синџир за безбедност на храна по принципот ‘’Од нива до трпеза’’, во кој е вклучено и примарното производство, создаде услови и го отвори европскиот пазар за извоз на конзумни јајца. Одобрението го даде Европската комисија на 7 јануари 2016 година по претходно одобрување на Планот за контрола на салмонелозата кај јатата несилки. Ова беше речено на вчерашната, прва од трите работилници за контрола на салмонелозата кај кокошките несилки, која за одгледувачите на живина се одржува од денес до среда во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.

-Станува збор за една исклучително важна тема на која заедно ќе дискутираме во наредниве три дена, а чија цел е унапредување на живинарството во Република Северна Македонија. Во изминативе десеттина години оваа стопанска гранка е во подем, а за тоа заслуга имаме сите, производителите, институциите и науката. Сега како извозници на конзумни јајца од земјава регистрирани се 6 оператори со храна. Успешен резултат на заедничката соработка е и ставањето на Република Северна Македонија на листата на земји кои може да извезуваат и живинско месо на пазарите во ЕУ, одлука која Европската комисија ја донесе на 28 јануари 2017 година – рече заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство Фирус Мемед на отворањето на работилницата ,,Примена на мерки за превенција, контрола и сузбивање на појава на салмонелоза кај јатата живина,,.

Основите за унапредување на живинарството во Република Северна Македонија, преку одржување на едукативни работилници се база за унапредување на системите за безбедноста на храната во целина, беше потенцирано во обраќањето, вклучително и на КОНТРОЛА НА САЛМОНЕЛА, производство на месо од живина и јајца.

-Живинарството во Република Северна Македонија има потенцијал да прерасне во една од движечки гранки на нашата економијата. Во земјава, моментално има 954.582 единки во 92 активни комерцијални живинарски фарми. Распространетоста на салмонелата кај живина е со ниска преваленца од 0,01 до 0,2 во последните десет години, односно е во рамки на целите воспоставени во Националниот контролен план за контрола на салмонелозата кај живината, истакна Нашата Антовска, советник во Агенцијата.

Предусловот и гарант за отворање на патот до пазарите на Европска унија за пласман на јајца и живинско месо на европскиот пазар, додаде таа, е токму 10 годишна активната примена и успешно реализираната обврска како институција за имплементирање на обврските пропишани во Националниот контролен план за намалување на присуството на салмонелозата кај живината во Република Северна Македонија, како и со реализација на целите дадени во Правилникот за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела.

-Со цел да го унапредиме овој сегмент од производството, да овозможиме зголемување на капацитетите и оджување на квалитетот кој заеднички го постигнавме, а кој беше услов за отворање на портите на европскиот пазар во 2017 година, направивме ревизија на Националниот план согласно новите цели, кој е во насока на подобрување на зоотехничките и биосигурносните мерки на фармите, што е и една од темите на денешната работилница, потенцира Антовска.

Симо Костов, раководител на Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните при Агенцијата за храна и ветеринарство, детално ги презентира основите на Правилникот за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други одредени алиментарни интоксикации, пропишаните мерки за искоренување на оваа болест и ограничувањата на одгелдувалиштата каде е утврдено присуство на салмонелоза. Проф. Д-р. Деан Јанкуловски – Раководител на институт за храна, Доц. Д-р Мирко Проданов, Проф.Д-р Александар Додовски и Марија Раткова, доктор по ветеринарна медицина од Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, на претставниците на педесеттина живинарски фарми кои учествуваа на денешната работилница детално им ги објаснија критериумите за земање примероци за испитување на присуство на салмонела кај живината, употребата на вакцината како мерка за контрола на оваа болест и кои се факторите на ризик и препораките за спречување на појава на салмонелоза кај живината.

Категорија