Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Регистриран прв случај на болеста „чвореста кожа кај говедата“, нема опасност по здравјето на луѓето

ПРЕВЗЕМАЊЕ СОДРЖИНИ

Содржината од документите на нашиот Google-Drive-Share можете да ја отворите и едитирате доколку имате инсталирано соодветен Google-Drive-Docs-Plugin, или да ја превземете доколку кликнете на иконата за превземање, или доколку одите во менито File > Download и одберете во кој формат да го превземете документот.

Повеќе информации на Google Drive Download Help

23.04.2016
Регистриран прв случај на болеста „чвореста кожа кај говедата“, нема опасност по здравјето на луѓето

Регистриран е прв случај на болеста „чвореста кожа“ кај говедата во Република Северна Македонија, информира денеска на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м – р Зоран Поповски. Станува збор за прв, лабораториски потврден случај на заболено животно во Демир Капија, од кои се земени мостри кои се и анализирани во Бугарија. Болеста не е зооноза, објасни тој, односно не се пренесува и не е опасна за човекот, но, причинува големи економски штети во говедарството.

- Преземени се потребните мерки за заштита, животното е убиено и нештетно отстрането. Убиени се и останатите 4 говеда кои биле во контакт со него. Уништена е и целокупната количина произведено млеко. Извршено е механичко чистење и дезинфекција на целокупниот простор во и околу одгледувалиштето со примена на засилени биосигурносни мерки. Со цел сузбивање и спречување на ширење на болеста, воспоставени се три заштитни зони во радиус од три, десет и 50 километри околу жариштето во регионот на Демир Капија. Во овие зони, забрането е движење на сите животни, сточни пазари и давање на млекото и месото во индустријата – истакна Поповски.
Засега, објасни тој, ова е изолиран случај во Република Северна Македонија и нема ширење на болеста во другите региони.
- Апелираме до сточарите секој сомнеж во однос на здравствената состојба на животните да ја пријават во матичното ветеринарно друштво и да ги следат препораките од Агенцијата. Инкубацијата на болеста трае од две до три недели. Симптомите по кои може да се препознае ова заболување за да може навремено да се реагира се зголемена телесна температура над 40 степени, апатичност на животните, исцедок од носот и устата, животните немаат апетит и не консумираат храна, опаѓа млечноста, а кај бремените единки се јавуваат абортуси - рече дирекротот Поповски.
Предизвикувач на болеста „чвореста кожа кај говедата“ е вирус кој се пренесува преку вектори, односно со каснување од комарци и муви. Болста може да се пренесе и преку директен контакт на самите животни, преку заразена храна и вода.
-Болеста не е типична за овие простори, ендемска е во Африка и Азија. Со климатските промени и поместувањето на температурните граници болеста се поместува кон север преку Турција, кон Грција и Бугарија – појасни тој.
Тој додаде дека тековно се врши размена на информации со службите од соседните држави за заеднички регионален пристап и размена на информации во преземањето на мерки за сузбивање на оваа болест.

Категорија