Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

е-Билтен 09-10

е-Билтен 09-10

Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата за потрошувачи на Македонија го издадоа двобројот на електронски билтен за потрошувачите и храната. Во овој број стручните лица обработија теми кои се однесуваат на исхраната во зимскиот период, за јогуртот како здрава и вкусна намирница, за ГМО храната и грижата за потрошувачите и за исхраната при воспалителни цревни заболувања. Во ова издание ќе може да прочитате и повеќе за вечната врска – исхраната и физичката активност, за тивките заштитници на здравјето фолната киселина и витаминот Б 12, за киселите маринирани зеленчуци и за важноста на безбедноста на храната во домот.