Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Почна двонеделната Регионална обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи

26.11.2018
Почна двонеделната Регионална обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи

Почнувајќи од денес во наредниве две недели, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде домаќин на Регионалната обука за опциите за управување при справување со радиолошки и нуклеарни кризи во системите за производство на животните. На обуката учествуваат четириесеттина претставници од 16 земји меѓу кои од Албанија, Азејбеџан, Бугарија, Грузија, Унгарија, Португалија, соседна Србија, Словенија и други држави. Во рамки на оваа обука покрај теоретскиот дел ќе реализира и практична симулациска вежба во која учесниците ќе го применат стекнатото знаење за воспоставување на систем за подготвеност за давање на ефективен одговор во случај на појава на радијациони и нуклеарни кризи.

-Од аспект на релевантност со оваа обука, Агенцијата за храна и ветеринарство согласно своите надлежности е одговорна во случај на појава на радијациони закани од категорија 5, односно, во случај на појава на радиоактивна контаминација која е последица на прекугранично ослободување на радиоактивен материјал како резултат на нуклеарна несреќа која се случила во друга земја и можен увоз на контаминирана храна и други производи од животинско потекло на територијата на Република Северна Македонија.Ваквиот тип обуки ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на сите надлежни органи за справување со евентуални ризици од овој тип со што ќе се постигне униформност во процесот на рано откривање на заканите, подготвеност за справување со нив, начинот на комуникација, координација на сите засегнати страни, како и за навремено барање помош и одговор на барањата за помош упатени од надлежните органи на други земји. Преку обуките од овој тип, институциите на системот АХВќе прераснат во ефикасен чинител во справувањето со ваквите потенцијални ризици и закани, во интерес на заштита на населението, животните но и на животната средина, истакна Фирус Мемед, заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство во поздравното обраќање.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како што потенцира Мемед, со поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија успеа да создаде солидна основа за успешно спроведување на симулациската вежба која е планирано да се одржи во рамки на оваа двонеделна обука, а на која и практично ќе бидат презентирани основите за подготовка на добар план за справување со ваков тип на ризици и мерките кои треба да се преземат при евентуална радиоактивна контаминација.

-Многу е важно за нас како факултет, но и за државните институции сериозно да се посветиме и на оваа проблематика. Како научна институција, во овој дел активно работиме и во рамки на еден од проектите кој непосредно се однесува на безбедноста на храната и на заштитата на животната средина, а кој го реализираме преку Ерасмус програмата. И на ова поле, како и во многу други, нашиот факултет и Агенцијата за храна и ветеринарство како државна институција имаме воспоставено одлична соработка која постојано се унапредува, рече проф. д-р Лазо Пендовски декан на Факултет за ветеринарна медицина.
Светлана Томевска Мицкова, раководител на Сектор за меѓународна соработка во Агенцијата за храна и ветеринарство на учесниците на обуката им ја презентира надлежноста, организационата и структурна поставеност на Агенцијата за храна и ветеринарство и најави дека идната недела, на обуката ќе учествува и претставник од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена.
Двонеделната обука на која ќе учествуваат и претставници од Агенција за храна и ветеринарство од Факултетот за ветеринарна медицина и од Дирекцијата за радиоактивна сигурност ќе ја водат експерти од Белорусија и Украина.

Категорија