Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Инспекциските служби на АХВ извршија контрола на ,,Млекара Лесковац,,

04.02.2019
Инспекциските служби на АХВ извршија контрола на ,,Млекара Лесковац,,

 

Стручен тим од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во Лесковац, Република Србија реализира официјална посета и извршија инспекциска контрола на работењето на компанијата ,,ДОО за преработка и конзервирање на млеко - Млекара Лесковац,,. Станува збор за планирана активност на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за контрола на објекти од трети земји од кои се увезува храна во Република Северна Македонија.

 

Со цел проверка на исполнетоста на стандардите за увоз на млеко и производи од млеко од соседна Србија во нашата земја, официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, извршија контрола на усогласеноста на условите и работата на овој оператор со храна од Република Србија, со одредбите од нашиот Закон за безбедност на храна, Правилникот за посебни барања за храната од животинско потекло и Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службени контроли на млекото и млечните производи. Со контролите не се констатирани отстапувања од безбедносните критериуми за млекото и млечните производи кои во Република Северна Македонија се увезуваат од лесковачката млекарница, односно млекото и производите од млeко кои се продаваат на македонскиот пазар,а се по потекло од овој објект се безбедни и квалитетни.

Во рамки на посетата на овој преработувачки капацитет за млеко, претставниците од АХВ остварија средба и со официјални лица од Управа за ветеринарство на Република Србија, на која од страна на претставниците на Агенцијата беше упатена официјална покана наскоро да се реализира возвратна посета, односно од нивна страна да се изврши контрола на објекти и оператори со храна од Република Северна Македонија кои извезуваат храна од Република Северна Македонија во Република Србија.

За тоа каква е здравствената состојба, благосостојбата на животните и условите каде се чуваат животните чие млеко се предава во оваа млекарница, претставниците од Агенцијата посетија фарма со 25 молзни крави во селото Белановце во близина на Лесковац за која храната за кравите се обезбедува од сопствено производство обработувајќи 30 хектари АХВземја. Стручните лица на АХВ оценија дека благосостојбата на животните и условите за нивно чување на оваа фарма која има и сопствен вакуум систем за измолзување на кравите е добра. Претставниците од АХВ остварија средба и со надлежниот ветеринар кој е вклучен во реализацијата на Програмата за здравствена заштита на животните и контрола на зоонозите во овој регион од соседна Србија и кој редовно го следи здравствениот статус на животните на оваа фарма.

Категорија