Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Септември 2023

Невистинити се обвинувањата на Анима Мунди за измачување на свињите во Таринци

07.09.2023
Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци

Навреме се преземени сите мерки за спречување на ширење на болеста

01.09.2023
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ кој во видео изјава, неаргументирано лицитира со бројки, тврдејќи дека на фарма во Карбинско Тарици од свинска чума се заболени 10 илјади свињи. Како одговорна институција одговорно тврдиме дека станува збор за изолиран случај на 9 заболени животни на едно одгледувалиште кај кои е потврдено присуство на вирусот на болеста африканска свинска чума.