Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Март 2023

А1.9 Симулациски вежби

Предвидено е да се организираат три симулациски вежби за да се идентификува и процени нивото на подготвеност и да се тестираат практичните капацитети, адекватноста и ефикасноста на предложените планови за итни мерки и процедури за одредени болести.

А1.7 Епидемиолошко истражување

Обука за вршење на епидемиолошка истрага на лице место како теренска обука за употреба на Стандардните оперативни роцедури прирачникот за епидемиолошка истрага како и изготвување на извештај.

А1.6 Аквакултура

Обука за воведување на програмите за контрола и искоренување на болести кај рибите за персоналот на Одделението за здравствена заштита на животните, официјалните ветеринари и операторите со храна (производители на риба)

А1.5 Echinococcus granulosis

Ќе се обезбеди тренинг на работно место за вработените во АХВ инволвирани во контрола на ехинококоза

Намена

Поддршка на прогресивно усогласување на контролата на здравјето на животните и системот за безбедност на храна и обезбедување на надградба на техничкиот капацитет на Агенцијата за храна и ветеринарство до повисоките стандарди на Европската Унија за да се обезбеди подобра контрола на здравјето на животните и ефикасен систем за безбедност на храна.