Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Декември 2022

Интерен оглас за раководни административни службеници 2/2022 - Во мирување

Интерен оглас за раководни административни службеници 2/2022

Донесена е Одлука за ставање во мирување постапка за оглас за унапредување бр. 2/2022 година се до добивање согласност за обезбедени финансиски средства за 2023 година

Оглас дата
30.12.2022
Оглас состојба
Завршен

Интерен оглас за унапредување 01/2022 - Во мирување

Интерен оглас за пополнување на работно место за унапредување на административен службеник.

Донесена е Одлука за ставање во мирување постапка за оглас за унапредување бр. 1/2022 година се до добивање согласност за обезбедени финансиски средства за 2023 година

Оглас дата
30.12.2022
Оглас состојба
Завршен

По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

28.12.2022
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со  Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујн...

Заврши првиот циклус обуки за безбедност на храната во кујните во градинките

23.12.2022
Заврши првиот циклус обуки за обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи.

Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија

14.12.2022
Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), од 12 до 13 декември 2022, во Скопје се спроведе експертска мисија, во чии рамки се одржа работилница  со цел вклучување на научната заедница и институции во специфичната работа на Кодекс Алиментариус.

ЕФСА ја проширува својата лингвистичка разновидност

07.12.2022
ЕФСА ја проширува својата лингвистичка разновидност нудејќи ги своите онлајн комуникации на уште 14 европски јазици: бугарски, хрватски, чешки, дански, естонски, фински, унгарски, ирски, латвиски, литвански, малтешки, романски, словачки и словенечки. Веб-страната на ЕФСА сега е достапна на сите 24 официјални јазици на Европската унија

Второто Собрание за истражување на проценка на ризик достапно за учество и преку web streaming

06.12.2022
По првото и инаугуративно Собрание за истражување на проценка на ризик (Risk Assessment Research Assembly – RARA) кое Европската агенција за безбедност на храна го организираше во 2018 година, на 07 декември 2022 година се организира вториот RARA настан кој се одржува во Берлин, Германија.

Во борбата против АСЧ, EFSA донираше налепници и постери за одгледувачите на свињи

02.12.2022
АХВ почна со дистрибуција на едукативни налепници и постери за подигнување на јавната свест за опасноста од болеста африканска чума кај свињите, наменети за ветеринарните друштва, одгледувачите на свињи и ловечките друштва.