Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Мај 2022

Отповикување на небезбеден производ Пане Пуро 30%

27.05.2022
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДАМЕКС ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на Пане Пуро 30%, поради утврдено присуство на глутен (пестицид 2  chloroethanol) со вредност 0,031 мг/кг-ррм.

Светски ден за безбедност на храната 2022 година

26.05.2022
Четвртиот Светски ден за безбедност на храната (World Food Safety Day) ќе се одбележи на 7 јуни 2022 година и ќе биде насочен кон привлекување внимание и инспирирање на акција за да се помогне во спречување, откривање и управување со ризиците поврзани со храната, придонесувајќи за сигурност на храната, здравјето на луѓето, економскиот просперитет, земјоделското производство, пристап до пазарот, туризмот и одржливиот развој.

4та конференција за проценка на ризик од храна во организација на HAPIH

26.05.2022
Во пресрет на Светскиот ден за безбедност на храна, Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH) организира 4та конференција за проценка на ризици кои потекнуваат од храна која ќе се одржи на 6 и 7 јуни 2022 година на Факултетот за агробиотехнички науки во Осјек, Република Хрватска.

Бабовски за утринската програма на Канал 5: Каде и како да пријавите ако ве касне куче?

26.05.2022
Во видеото во прилог, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски говори се за начинот и постапката за пријавување на каснување од куче, кому граѓаните треба прво да се обратат, до кого да ја адресираат пријавата

Промовирана пролетнта кампања за вакцинација на лисиците против беснило

20.05.2022
Со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и Штип, со техничка и финансиска поддршка од Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило.

Заедничка кампања на земјите членки на ЕУ и ЕФСА #EUChooseSafeFood

18.05.2022
Цел на кампањата #EUChooseSafeFood е да им се помогне на потрошувачите да носат информирани одлуки при секојдневниот избор на храна. Кампањата што се одвива ширум ЕУ нуди практични и достапни информации за потрошувачите, совети што треба да ги користат при купување и консумирање храна - од помош да се чита означувањето на храната и да се разберат адитивите, до давање совети за подготовка и складирање храна.