Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ одржа работен состанок со Групацијата на одгледувачи на свињи

20.09.2018
АХВ одржа работен состанок со Групацијата на одгледувачи на свињи

Зајакнување на контролите за заштита на домашните свињарски фарми од болеста Африканска свинска чума, која е веќе присутна во некои земји од регионот, спроведување на мерката донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија за увоз на замрзнато свинско месо за преработка и акредитираните методи за испитување на замрзнато свинско месо се темите на кои на денешниот работен состанок разговараше заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фирус Мемед со претставници од Групацијата на производители на свинско месо при Стопанската комора на Македонија. Во услови кога Африканската свинска чума е присутна не само во Европа, туку и во регионот, како што истакнаа производителите на свинско месо, од исклучителна важност е да се преземат неопходните мерки за заштита.

Големите фармери, беше истакнато, активно работат на унапредување на биосигурносните мерки на фармите за да ја спречат појавата и ширењето на оваа болест. Според нив, опасноста демне од индивидуалните одгледувачи на свињи по селските дворови, каде е потребно воведување на построги контроли за тоа дали и колку се спроведуваат мерките за заштита од нивна страна.

Стручни лица од Одделението за спроведување на планови за итни мерки на одгледувачите на свињи ја презентираа моменталната состојба со болеста Африканска свинска чума во Европа и регионот и мерките кои ги презема Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување на нејзина појава и ширење. Како што беше истакнато, активно се работи на унапредување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, се следи состојбата со болеста во европски и светски рамки и се воведува забрана за увоз од земјите каде е болеста е појавена. Информирана е Царинската управа на Република Северна Македонија за вршење на зајакнати контроли на граничните премини, особено на личниот багаж на патниците. Обезбедени се податоци за бројната состојба со дивите свињи во ловиштата во Република Северна Македонија, а се работи и на едукација на јавноста за опасноста од појава и ширење на болеста.
Агенцијата информира дека од евидентираните 90 комерцијални фарми за одгледување на свињи, според степенот на имплементација на биосигурносните мерки досега се категоризирани 86 фарми. Од нив, со низок ризик категоризирани се 27 фарми, со среден 53, а со висок ризик категоризирани се 6 фарми.

Категорија