Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ има прецизна евиденција за бројот на домашни миленици

27.09.2018
АХВ има прецизна евиденција за бројот на домашни миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство, најостро ги демантира наводите изнесени во текстот “Никој не го контролира чипирањето на кучиња” објавен во вчерашното издание на дневниот весник Нова Македонија. Како повикана институција и за здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и за домашните миленици, одговорно тврдиме дека евиденција има и таа, Агенцијата за храна и ветеринарство секојдневно ја ажурира.

Паушално и неодговорно е тврдењето дека не се знае колку чипирани кучиња има во Македонија, бидејќи како што се тврди во текстот, има сопственици што не ги носат своите миленици на ветеринар. Во интерес на објективното информирање на јавноста, која со овој напис е доведена во заблуда, потенцираме дека во модулот за домашни миленици на Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство досега се евидентирани 15.000 миленици.

Во интерес на вистината истакнуваме дека токму акцијата за бесплатно микрочипирање на 100 илјади миленици, која Агенцијата за храна и ветеринарство од почетокот на овој месец ја спроведува во соработка со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, во иднина ќе ја олесни контролата и ќе го заокружи концептот на одговорното сопствеништво.

Како сериозен медиум, преку вас, уште еднаш упатуваме апел до сопствениците на кучиња и мачки да ја искористат можноста и бесплатно да го идентификуваат својот миленик со микрочип. Донацијата на микрочиповите е еднократна и кампањата која според планираното треба да се реализира од септември до крајот на март 2019 година се спроведува по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Категорија