Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Да не се купува неодобрена храна за спортисти преку социјалните мрежи

07.03.2020
Да не се купува неодобрена храна за спортисти преку социјалните мрежи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) ги интензивира активностите за заштита на правата на потрошувачите при електронска, односно таканаречена on line продажба на прехранбени производи, како и на производите од групата додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите. 

Во овој период, исклучително популарна е продажбата на храна наменета за спортисти, која покрај регистрираните увозници и трговци, според анализите на Одделението за спречување на измами со храна при АХВ, нелегално се продава и преку социјалните мрежи. 

Како одговорна институција за безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите, апелираме до граѓаните да внимаваат при on line набавката на овој тип храна, бидејќи покрај во легалната продажна мрежа и преку Е - продавниците, преку социјалните мрежи нелегално се продава и храна за спортисти која не е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство и не е безбедна. 

Ваквите производи покрај тоа што претставуваат нелојална конкуренција на легалните домашни производители, увозници и трговци, сериозно може да го загрозат здравјето на граѓаните. Апелираме до потрошувачите да се воздржат од набавка на овој тип храна преку социјалните мрежи, каде таа најчесто нелегално се нуди и продава. 

На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство www.fva.gov.mk, во Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана https://drive.google.com/file/d/1GtHx2EtVRdf6aFLfLIki84jRvMVs3TPu/view и Регистар на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба https://drive.google.com/file/d/1sNwPwsTpyyIExrsIa-CZrtpyku3DWjZ_/view, потрошувачите може да проверат дали одреден производ од оваа категорија кој планираат електронски да го набават, е одобрен од АХВ, а со тоа е и безбеден за употреба. 

Апелираме до граѓаните до Агенцијата за храна и ветеринарство да ја пријават секоја нелегална продажба и на оваа категорија производи, лично во АХВ, на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk


 

Категорија