Во рамки на проектот „Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи“ во периодот од 1-ви до 3-ти декември се одржа обука за
Новости и активности
ПОДОБРЕНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
НА ЗДРАВЈЕТО НА ЖИВОТНИТЕ, БЕЗБЕДНОСТА НА ХРАНАТА И ФИТОСАНИТАРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО И СООДВЕТНИТЕ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ
ЗА НАС
Проектот “Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи” започна на 14-ти јануари 2019 година и ќе се спроведува во период од 24 месеци.
Главна цел на проектот е заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, со цел подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско – прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар. Со проектот ќе се зајакнат постоечките системи на надлежните институции и ќе се преземат активности за подигнување на јавната свест, со цел подобрување на здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјава.
Главни корисници и партнери на проектот се Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарната управа; Управата за семе и саден материјал; Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство.
ПРОЕКТОТ Е ИМПЛЕМЕНТИРАН ОД КОНЗОРЦИУМ ПРЕДВОДЕН ОД AGRICONSULTING EUROPE S.A.
Според планираното, со овој проект треба да се постигнат шест главни резултати:
- Транспонирање на ново усвоеното клучно законодавство на ЕУ во областа на ветеринарството и безбедноста на храната и негово ефикасно спроведување на национално ниво;
- Зајакнување на капацитетот во однос на безбедноста на храната;
- Надградување и подобрување на сегашниот ИТ систем во АХВ;
- Спроведување на кампањи за подигнување на јавната свест за здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјава;
- Планирање, развој и имплементација на Фитосанитарниот информативен систем;
- Понатамошен развој и зајакнување на капацитетите на надлежните органи во фитосанитарниот сектор.
Компоненти
Кампања за подигнување на јавната свест за благосостојба на животни
Новости и активности
Во рамките на проектот, на 12 и 13 ноември 2020 во просториите на МЗШВ беше одржана дводневна работилница на тема: Здравје на растенија - процена на ризик од штетници и планови за итни мерки.
Во рамките на проектните активности, на 2, 3 и 4 ноември 2020 беше реализирана обука на тема материјали кои доаѓаат во контакт со храна.
Во рамките на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи финансиран од ЕУ,беше подготвена Комуникациска стратеги
На 10 и 11 август се одржа дводневна работилница каде беше презентиран и разгледуван нацрт Законот за вршење на официјални контроли.
Со помош на Активноста 6.5.1 од проектот ИПА 2015 г.
Во рамките на Активноста 6.2.1од проектот ИПА 2015 година Подготовка на проценка на ризик од штетници и утврдување на превентивни мерки што треба да се преземат против ширење на штетници работната група за здравје на растенија дискутираше за неколку ин
Врз основа на Активноста 6.1.1 од проектот ИПА 2015 година „Ажурирање на здравствениот статус на растенијата во земјата“, во моментов се разгледува усвоеното законодавство, за да се усогласи со законодавството на ЕУ барем во еден дел, со кој се регули