Проценка на ризик од штетници во пракса

01.04.2020 | Проценка на ризик од штетници во пракса

Во рамките на Активноста 6.2.1од проектот ИПА 2015 година Подготовка на проценка на ризик од штетници и утврдување на превентивни мерки што треба да се преземат против ширење на штетници работната група за здравје на растенија дискутираше за неколку инсекти, габи, нематоди, бактерии и вируси, за кои се смета дека постои закана за влез на територијата на Северна Македонија преку увезени растенија и растителни производи и кои може да причинат штети на растечките растенија домаќини. Ваквите организми се наведени како карантински штетници на листата со штетници, растенија, растителни производи и други предмети (Службен весник бр. 65/10) со посебна ознака (*), затоа што на времето не биле регулирани од ЕУ.

При ревизија на листите со регулирани штетници, потребна е научна оправданост за фитосанитарни мерки за секој штетник на растенијата и причинителот на болест на растението, затоа што нивните растенија домаќини ќе бидат предмет на ограничувања при увозот. Овие ограничувања подразбираат најмалку присуство на фитосанитарен сертификат и почитување на посебните барања за растителни добра кои се предмет на контрола на граничните контролни точки. Техничкото оправдување ќе биде дадено од локални експерти со поддршка на клучниот фитосанитарен експерт на проектот. За секоја техничка оправданост ќе се користи Шема за поддршка на решенија за брза  анализа на ризик од штетници (Decision-Support Scheme for an Express Pest Risk Analysis) Шемата е развиена од страна на Европската и средоземноморска организација за заштита на растенијата (стандард ПМ 5/5 (1), 2012 година) и е во согласност со глобалниот стандард ИСПМ 11 за анализа на ризик од штетници. Оваа поедноставена шема за брза анализа на ризик од штетници може да се користи кога ќе се открие непознат штетник со цел да се одлучи дали е потребна некаква фитосанитарна активност. Резултатите од брзата анализа на ризик од штетници може да се користат:

  • Од страна на надлежниот орган (NPPO) за да ги оправда фитосанитарните регулативи и примената на фитосанитарните мерки
  • Од страна на техничките тела, за да формулираат препораки за фитосанитарни мерки до NPPO
  • За проценка на ризик од штетници за одредена патека на индивидуалните штетници што веројатно ќе се транспортираат преку овој увоз
  • Во случај на појава на штетници, да се поддржат одлуките на управувачите со ризик.

Фотографија: Онлајн работна група за здравјето на растенијата