
Во рамките на проектот Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна (ADC – FSS), на 20 и 21 февруари оваа година се одржа втората работилница за анализа на ризик предводена од експертот Лука Бусани. На работилницата присуствуваа претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство инволвирани во анализа и проценка на ризик за храна од животинско и неживотинско потекло, храна за животни како и болести кај животните.
На работилницата беа презентирани не само основните принципи и елементи на анализата на ризик туку беа и детално разработени повеќе практични примери.
Работилницата е дел од активностите на четвртата проектна компонента – Подобрен систем за собирање податоци и проценка на ризик, со цел подобрување на системот за собирање, складирање и обработка на податоци како и подобрени знаења и вештини на сите страни вклучени во проценка на ризикот.