Активност А4.1 - Подобрување на системот за собирање, складирање и обработка на податоци
Целта е да се дефинира функционален тек и размена на податоци помеѓу различни засегнати страни преку прибирање и анализа на достапните податоци и изработка на методологија за имплементација на систем за собирање и обработка на податоци.
Бидејќи првиот чекор при проценка на ризикот е добивање на податоци од програмите за надзор и мониторинг и користење на достапни информации од други надворешни извори, активностите од оваа проектна активност ќе бидат тесно поврзани со активностите од А4.2 – Подобрени знаења и вештини на сите вклучени страни во вршењето на проценка на ризик.
Оваа проектна активност има за цел да го прегледа, разбере и анализира постоечкиот систем за собирање и обработка на податоци и да ги утврди неговите недостатоци. Исто така ќе се спроведат серија обуки за вработените во АХВ инволвирани во процесот на собирање податоци и известување.