Активност А3.4 - Подобрен систем за официјални контроли во согласност со новата европска регулатива за официјални контроли.
Активноста има за цел да го зајакне капацитетот на АХВ во областа на вршење официјални контроли за да се осигура безбедноста на храната, прехранбените производи и состојки во секоја фаза од нивното производство и да обезбеди дека сите учесници во производниот процес ги исполнуваат законските барања и хигиенските стандарди. Ќе се дефинира начинот на вршење ревизија, инспекција, земање примероци и анализа.
Дополнително, одреден дел од активностите ќе бидат посветени на спроведување на аудит за аудиторите и на имплементација на системот за квалитет за да се гарантира веродостојноста на извршените контроли, вклучувајќи ги и активностите на лабораториите вклучени во процесот на официјални контроли.