Компонента 3 – Подобрен систем на официјални контроли
Активност А3.1 - Подобрен систем за пасивен и активен надзор на болести кај животните
Целта на активноста е подобрување на капацитетот за следење на болести кај животните. Оваа задача опфаќа ревизија на системот за надзор и мониторинг во земјата, вклучувајќи ревизија на постоечките планови за надзор и организирање обуки за приоритетните болести од листата А, Б и Ц во согласност со Законот за здравствена заштита на животините. На тој начин ќе се обезбеди комплементарност на плановите за надзор и контролните програми за здравствена заштита на животните.
Исто така ќе се подготови прирачник за планирање и подготовка на планови за активен надзор и како и за ефективно спроведување и следење на пасивниот и активниот надзор.
Обуки
А3.1-А3.2 Пасивен и активен надзор
Обука за презентација и дискусија на утврдените слабости и силните страни на системот за надзор на персоналот вклучен во процесот