Компонента 2 – Зајакнување на капацитетот за безбедност на храна
Активност А2.4 – Подобрено знаење за медицирана храна за животни
Проектниот тим ќе обезбеди:
- Поддршка на АХВ за транспонирање на релевантното законодавство и воведување национални одредби кои се однесуваат на увоз, производство и преработка како и пласирање на пазарот на медицирана добиточна храна.
- Дефинирање на барањата за увоз, преработка и ставање во промет.
- Практични процедури и упатства за операторите со храна и фармерите за производство на медицирана храна.
- Стандардни оперативни процедури за официјални контроли на медицирана добиточна храна.
- Обуки на персоналот на АХВ, операторите со храна и фармерите.
Обуки
А2.4 Медицирана храна
Обуки на персоналот на АХВ, операторите со храна и фармерите за користење на стандарните оперативни процедури за медицинирана храна