Активност А2.3 - Зголемено знаење за имплементација на политиката на Европската Унија во однос на употребата/преработката на инсекти како храна произведена со иновирани технологии како и употребата на преработени протеини од инсекти во добиточната храна.
Инсектите се потенцијален извор за конвенционално производство на протеини, било за директна човечка исхрана, или индиректно во рекомпонирана храна (со екстрахирани протеини од инсекти); и како извор на протеини во добиточната храна. Во светот, постојат околу 2.100 видови инсекти кои може да се користат за исхрана на луѓето. Бидејќи брзо да се размножуваат и растат, постои можност да се користат како алтернативен извор на протеини.
За таа цел проектниот тим ќе ја поддржи АХВ во транспонирање на релевантната легислатива или/и воведување национални одредби кои се однесуваат на употребата на инсекти како нова храна и како материјал за добиточна храна, подготовка на упатства за барања за увоз, за производство и употреба на инсекти како и во подготовка на материјали и организација на обуки за оператори со храна, инспектори за храна и официјални ветеринари.