Активност А2.1 – Зајакнат институционален капацитет за материјали кои доаѓаат во контакт со храна

Компонента 2 – Зајакнување на капацитетот за безбедност на храна

Активност А2.1 – Зајакнат институционален капацитет за материјали кои доаѓаат во контакт со храна преку подобрено знаење и вештини но не и ограничено на обучен персонал за имплементација на подготвените контролни листи за контрола на добрата производна пракса и зголемено знаење за општите и специфични барања за контрола на добрата производна пракса во производството на пластика, керамика и други видови на материјали кои се во контакт со храна, во согласност со релевантните стандарди на ЕУ

Проектниот тим преку сесии за обука на работно место како и организирани работилници ќе овозможи АХВ и операторите со материјали кои доаѓаат во контакт со храна да го зголемат своето знаење за контрола на добрата производна пракса за пластика, керамика и други видови материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Сесиите ќе се фокусираат на општите критериуми и процедури за вршење на официјални контроли, релевантната европска законодавна рамка, документацијата и водењето на евиденција. Посебно внимание ќе се посвети на откривањето и управувањето со неусогласености преку презентација на студии и практични примери.

 

Обуки