Целта е ветеринарните инспектори и теренските ветеринари да имаат униформен пристап при спроведувањето на предвидените мерки за контрола на болести кај животните. Тоа ќе се постигне со подготовка на практичен теренски прирачник со јасни насоки кои доследно и сеопфатно ќе ги опишат чекорите во различни фази на контрола на болеста (за време на надзор, при сомнеж, по потврден случај и за времетраење на жариштето како и за постигнување на слобода од болеста) и организирање на обуки за негова практична примена.
Инструкциите во прирачникот ќе бидат во согласност со релевантното
националното законодавство, законодавството на ЕУ, Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) и стандардите и препораките поставени од референтните дијагностички лаборатории.