Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните
Крајната цел е да се подобрат знаењата и техничките капацитети на персоналот на АХВ за спроведување на новиот Закон за здравствена заштита на животните и Законот за официјални контроли со што ќе се обезбеди успешен трансфер на законодавството на ЕУ и усогласување на релевантните стандарди со оние што се користат на ниво на ЕУ.
Затоа по извршената процнка ќе биде дизајнирана програма за обука која ќе ја опфати здравствената заштита на животните и системот на спроведување на официјални контроли. Обуките ќе се состојат од теоретска и практична компонента, вклучувајќи теренски посети и студиски патувања како и обуки на работно место.