Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните
Целта на оваа активност е да обезбеди подобрен систем за следливост на животните и верификација на барањата за здравствена заштита на животните во однос на движењето и процесот на сертификација што може да се постигне преку ревидирани и усвоени документи за движење, обучени кадар и извршена верификација на здравствениот статус на животните, како и издавање на здравствени сертификати за животните во согласност со новоусвоената европска легислатива за здравствена заштита на животните.
Исто така преку ревидиран и подобрен процес на водење евиденција на ниво на фарма на сите вклучени страни, како и обучени фармери, ветеринари и официјални ветеринари.