Активност А1.10 – Подобрено искоренување на болести од листата Б и Ц

Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните

Целта на оваа активност е да се контролираaт и искоренат одредени болести кај животните од листата Б и Ц со одржлив пристап и постигнување на најдобар сооднос на трошоци и придобивки. 

Имајќи ја предвид релевантноста на наведените болести за Северна Македонија, проектниот тим во блиска консултација со Одделението за здравствена заштита и благосостојба на животните ќе подготви програми за надзор и/или програми за контрола на болести со мерки кои ќе бидат дефинирани во согласност со правилата од националното и законодавството на Европската Унија, притоа земајќи ги предвид и националните капацитети и приоритизацијата.