Пратките со производи од животинско потекло кои се дел од личниот багаж на патниците и не се во согласност со правните акти наведени подолу се запленуваат и безбедно се уништуваат.
- Правилник за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели (Службен весник на РМ бр. 94/09).
- Правилник за изменување на правилникот за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели (Службен весник на РМ бр. 139/09).
Со цел спроведување на правилата за внесување на производи од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците, Агенцијата за храна и ветеринарство постави известувања преку постери поставени на сите гранични премини на влез во Република Северна Македонија.
Како што е пропишано во европското законодавство, така и во нашата земја надлежноста за контрола на личниот багаж на патниците ја има Царинската Управа на РСМ.
Патниците кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија задолжително треба да го пријават и предадат личниот багаж кој содржи месо, млеко и други производи од животинско потекло на царинскиот службеник, со што ќе обезбедат поголема сигурност и здравствена заштита на животните и јавното здравје!