If you find a dead wild boar, please report it on this phone 0800 00 210. You will receive a reward of 2500 denars

If you find a dead wild boar, please report it on this phone
0800 00 210
You will receive a reward of 2500 denars

CEFTA

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) е трговски договор меѓу земјите кои не се членки на ЕУ,  а чии членови се земји од Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, Црна Гора и Косово. Република Северна Македонија е членка на ЦЕФТА договорот од 2006 година.

Овој договор, покрај либерализацијата на трговијата со стоки, обезбедува и простор за зголемена соработка помеѓу нејзините членки и во следните области: трговија со услуги, јавни набавки, инвестиции и заштита на интелектуална сопственост.

За оперативно функционирање на ЦЕФТА 2006 Договорот, формирани се работни тела именувани како поткомитети кои регулираат одредени трговски области дефинирани како обврски на земјите членки. Поткомитетот на ЦЕФТА за земјоделство, вклучувајќи ги санитарните и фитосанитарните прашања, има за цел олеснување на трговијата со земјоделски производи и подобрување на соработката во областа на санитарните и фитосанитарните работи во рамките на ЦЕФТА договорот.

Одговорна институцијата за организација и спроведување на Поткомитет за земјоделство, со посебна надлежност во делот на трговијата со земјоделски и прехранбени производи е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежна институција за прашањата на поткомитетот кои се однесуваат на санитарните и фитосанитарните мерки.

Со цел зајакнување на институционалната рамка за СПС мерки, Република Северна Македонија во рамки на своето претседавање со Поткомитет за земјоделство во 2019 година, како приоритети ги издвојува:

  • Олеснување на слободната трговија со земјоделски производи;
  • Подобрување на транспарентноста.