Компонента 4 – Подобрен систем за собирање податоци и проценка на ризик
Активност А4.3 - Обезбедување податоци за просечниот дневен внес на одредени прехранбени производи и спроведување анкета кај населението на Република Северна Македонија по возрасни групи.
Активностите во рамките на оваа активност ќе се фокусираат на дизајнирање и спроведување на анкета за начинот на исхрана и потрошувачката на македонското население. Истражувањето ќе овозможи да се воспостави шема на потрошувачка на храна и ќе го дефинира внесот на одредена храна кај населението врз основа на однапред одредени параметри како возрасни групи, пол, начин на живот и месечен приход.