Договорен орган

Европската Унија е претставувана во Република Северна Македонија преку Делегацијата на Европската Унија.

Делегацијата е официјално отворена во март 2000 година и е врска меѓу националните власти и институциите на ЕУ. По одлуката на Европскиот совет да ја признае земјата како кандидатка за членство во ЕУ, работата на Делегацијата се фокусира на мониторинг и известување за исполнувањето на политичките и економските критериуми за членство во ЕУ од страна на земјата, за усогласувањето на нејзиното законодавството со она на ЕУ, како и за капацитетите на институциите за негова примена и спроведување. 

Европската Унија и’ обезбедува на Република Северна Македонија постојана поддршка и финансиска помош во процесот на спроведување на реформите неопходни за членство.