Компонента 4 – Подобрен систем за собирање податоци и проценка на ризик
Активност А4.2 - Подобрени знаења и вештини на сите вклучени страни во вршењето на проценка на ризик.
За да се обезбеди основа за правилно управување со ризик треба да се подобри капацитетот и да се воспостави функционален систем за проценка на ризик.
Активностите во рамките на оваа компонента ќе се фокусираат на:
- Анализа на капацитетот на АХВ за проценка на ризик со дефинирање на областите каде што е неопходно дополнително подобрување и насоки за надградба на системот.
- Подготовка на постапка за собирање податоци од областа на безбедноста на храната, безбедноста на добиточната храна, здравствената состојба и благосостојбата на животните со која ќе се одреди кои податоци треба да се собираат во согласност со прописите во ЕУ, одговорноста, фреквенцијата на собирање и модалитетите. Постапката ќе ги опфати и лабораториските извештаи кои ќе бидат ревидирани и дополнети со информациите што недостасуваат, плановите за земање примероци од контаминенти на храна и микробиолошките испитувања, како и верификација на методите за земање примероци.