Компонента 3 – Подобрен систем на официјални контроли
Активност А3.3 - Интеграција и координација на официјалните контроли за здравствена заштита на животните и ветеринарно јавно здравство.
Преку оваа активност треба да се воспостави функционален систем за координација и комуникација на официјалните активности и дисеминација на резултатите од извршувањето на истите помеѓу Секторот за здравствена заштита на животните и Секторот за ветеринарно јавно здравство во АХВ како и интеграција на активностите и спроведување на плановите за итни мерки, безбедност на храната и катастрофи со крајна цел зголемување на ефикасноста и функционалноста на ветеринарната служба.
Обуки
А3.3 Пасивен и активен надзор - обука на работно место
Обука на работното место со користење на симулациска вежба и студиска посета фокусирана на ефективно спроведување на официјални контроли