Активност А2.2 - Упатство за одредување на рокот на траење на храната

Компонента 2 – Зајакнување на капацитетот за безбедност на храна

Активност А2.2 - Поддршка на надлежните органи и операторите со храна за зголемување на знаењето за дефинирање на рокот на траење на храната.

Операторите со храна треба да го одредат рокот на траење на производот така што ќе ја гарантираат безбедноста на храната но во исто време ќе осигураат  дека ниту една безбедна и висококвалитетна храна нема да се фрли поради несоодветно означување на датумот.
Знаењата и вештините поврзани со дефинирање на рокот на траење на храната може да се подобрат преку изготвени и одобрени упатства за изработка на студија за утврдување на рокот на траење на прехранбените производи и организирани обуки за персоналот на АХВ и операторите со храна.

Обуки