Прв чекор кон подготовка на акционен план за програма за надзор и контрола на болестите кај рибите, особено на вирусната хеморагична септикемија (VHS) и инфективната хематопоетска некроза (IHN) е идентификацијата и регистрацијата на одгледувалиштата на аквакултура.
Паралелно со тоа ќе се изврши и категоризација според ризикот од воведување на болест. За таа цел проектниот тим ќе подготви Прирачник со упатство за категоризација и подобрување на условите за биосигурност на одгледувалиштата кој ќе им овозможи на одгледувачите на риба да ги
препознаат потенцијалните ризици и да усвојат превентивни мерки за нивно минимизирање.
Исто така ќе се подготви анализа на трошоци и придобивки за исплатливоста на имплементацијата на подготвените програми за надзор и контрола на горенаведените болести. Во рамките на проектот ќе се изработи и процедура како и оперативни документи за имплементација на програмите за што ќе се организира тренинг за персоналот на АХВ вклучувајќи ги и официјалните ветеринари и одгледувачите.