Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните
Неопходно е да се изврши анализа на епидемиолошката состојба за ехинококозата, а особено нејзиното влијание врз јавното здравје. Echinococcosus granulosis и Echinococcus multilocularis се пренесуваат од животните на луѓето и може да имаат сериозно влијание врз нивното здравје.
Исто така, може да предизвикаат значителни економски загуби во сточарската индустрија. Проектниот тим ќе изработи програма за контрола на Echinococcosus granulosis и програма за надзор за утврдување на присуството на Echinococcus multilocularis.