Активност А1.1 – Подготовка на оперативни документи за посета на одгледувалишта

Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните

Активност А1.1 - Подготовка на оперативни документи за имплементација на европскиот Закон за здравствена заштита на животните на национално ниво, вклучувајќи и протокол за вршење на клинички посети на животните

Целта на оваа активност е да се подготват оперативните документи за извршување на клинички посети на животните со што ќе се обезбедат униформни услови во согласност со минималните барања како од Законот за здравствена заштита на животните на ЕУ.

За таа цел проектниот тим ќе изврши ревизија и надополнување на постоечките протоколи и контролни листи и ќе изработи нови. Исто така ќе даде предлог за фреквенцијата на клинички посети врз основа на соодветниот тип на производство и други релевантни фактори, вклучувајќи го и очекуваниот ризик.

Исто така ќе спроведе обука (обука на обучувачи) за официјални ветеринари и претставници од АХВ заимплементација на подготвените протоколи.

Обуки