Тони Киранџиски

Тони Киранџиски - Тим лидер
Тим лидер
Доктор по ветеринарна медицина и магистер по ветеринарна епидемиологија со долгогодишно искуство како раководител на Секторот за здравствена заштита и благососотојба на животните во Агенцијата за храна и ветеринарство и повеќе од 15 години практично искуство во областа на здравствената заштита на животните.

Од 2014 година, по напуштањето на Агенцијата, започнува да работи како независен консултант вклучен во повеќе проекти финансирани од Европската Унија како тим лидер и клучен експерт за обезбедување поддршка на ветеринарните служби при воспоставувањето на системи за надзор, програми за контрола на болести, зголемена подготвеност за реакција во итни случаи и подготовка на планови за итни мерки.

Освен што го предводи проектот тој е и координатор на првата и втората проектна компонента.