Доктор по ветеринарна медицина со 13 годишно искуство во ветеринарниот сектор во Република Северна Македонија. Повеќе од 11 години беше дел од Агенцијата за храна и ветеринарство одговорна за следење на епидемиолошката состојба, дизајнирање и имплементација на мерки за превенција, контрола и искоренување на болести кои се пренесуваат од животните на луѓето, особено опасни и новопојавени болести кај животните, како и за подготовка на законски и подзаконски акти во насока на усогласување на националното заонодавство со законодавството на Европската Унија.