Целта на оваа активност е да се овозможи рано откривање и ефикасна контрола на особено опасни и новопојавени болести кои може да резултираат со брзо ширење и да предизвикаат катастрофални последици во сточарската индустрија. За овие болести мора да се преземат итни мерки за искоренување
со брза и ефикасна реакција на ветеринарните служби и поддршка од други институции, но и приватни компании.
Неопходно е да се дефинира јасен синџир на наредби кој ќе овозможи брзо и ефикасно донесување на одлуки во вонредна ситуација како и брз и директен пристап до објектите, опремата, персоналот, фондовите за итни случаи и сите други материјали и ресурси неопходни за брзо и ефикасно искоренување на горенаведените болести. За таа цел проектниот тим ќе ги ревидира и дополни веќе донесените планови за итни мерки за одредени болести и ќе изработи општ План за итни мерки во согласност со националното законодавство, релевантните меѓународни стандарди (OIE) и техничките аспекти на законодавството на Европската унија.