Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните
Главната цел на оваа активност е да се зајакне пасивниот надзор во земјата преку обезбедување на стандардизирани (навремени, релевантни, прецизни и точни) податоци што ќе им овозможи на надлежните органи да донесат навремени и информирани одлуки.
Проектниот тим првично ќе ја ревидира состојбата на националниот систем за пасивен надзор и ќе подготви предлог за користење на алатки за следење на здравствениот статус на животните и детални процедури за официјалните ветеринари за начинот на известување при вршење на официјални контроли.