Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Nëqoftëse gjeni një derr të egër të ngordhur, ju lutemi raportoni tek
0800 00 210
Pason çmim prej 2500 denarë

FAO

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации или ФАО (Food and Agriculture Organization) е основана во 1945 година заради подобрување на производството на земјоделски производи во светот и исхраната на сите луѓе. ФАО обезбедува поддршка за неразвиените земји и земјите во развој да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството, како и да обезбедат здрава храна за сите.

Приоритети на ФАО

  • Клучните приоритетни области на соработка на ФАО со Република Северна Македонија се: Одржлив рурален развој, со цел зголемување на капацитетот за проектирање и спроведување на програмите за рурален развој усогласени со стандардите на Европската унија; 
  • Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, дефинирање на улогите во јавниот сектор и поддршка на интервенции за помош на приватниот сектор во успешно претставување на пазарот; 
  • Модернизација на управувањето со шумските ресурси; 
  • Биосигурност, со цел зголемување на техничките капацитети на органите надлежни за фитосанитарните мерки.

На почеток на 2019 година ФАО започна со спроведување на регионален проект насловен "Итна подготвеност против Африканска чума кај свињите на Балканот", кој ги вклучува Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. 

Во спроведувањето на проектот, ФАО ќе соработува со Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во насока ма подигнување на свеста за болеста меѓу сите засегнати страни (ветеринари, шумарски служби, свињарски фарми и ловци), обука на ветеринарите и шумарските службеници за откривање, спречување и контрола на Африканска чума кај свињите на ниво на фарма и во дивината, како и развивање на планови за спречување и надзор на болеста. 

На регионално ниво, ФАО обезбедува поддршка за земјите при редовната размена на информации за нивниот статус со и борбата против Африканска чума кај свињите, олеснувајќи ја координацијата на нивните превентивни и контролни мерки.

Во исто време, ФАО издаде нов прирачник за здравствената заштита на животните: Африканска чума кај свињи: откривање и дијагноза – Прирачник за ветеринарите. Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и навремена реакција при епидемија или појава на жариште на Африканска чума кај свињите. Одгледувачите на свињи, ловците и шумските чувари исто така ќе имаат полза од овој прирачник.